Изложба на фотографии во колажна техника со наслов „Колатографија“,  ќе се одржи во петок 2-ри февруари од 19:00 ч. во кафе и бар “Шила“.

Автори сe младата охриѓанка Есма Ќазим – модна дизајнерка во подем, позната во Македонија и регионот и египетскиот фотограф Махмуд Сами Рамадан. Значaјна улога околу подготовките и логистиката има либанскиот филмски режисер Салма Дајби.

„Колатографија“ преставува спој на талентот на двајцата артисти и сликовито сведочи за убавината родена од судирот на визуелните уметности. Изложбата ќе биде поставена три дена и преставува уште еден во низата квалитетни културни настани организирани во овој концептуален кафе-бар кој сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт сцена во Охрид.

Махмуд Сами Рамадан е роден 01.04.1995 год во Александрија, Египет. Од 2015 студира и работи во Охрид. Дипломирал мултимедиа и дизајн при Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид,. Моментално е на мастерс студии за кинематографија на Институтот за филм, Филмска академија Охрид. Член е на фото-клубот “Охрид“ во чии рамки ја имаше својата прва изложба во Македонија во Април 2017 год.

Есма Ќазим e родена 26.07.1994 во Охрид. Дипломирала на Европски Универзитет-Скопје, Факултет – Арт и Дизајн, Отсек – Моден дизајн. Реализиранo има три изложби во Скопје, три ревии во Скопје, две ревии во Белград и една ревија во Хрватска. Исто така хоби и семејна традиција и е и креирање накит.

OhridNews