Во организација на Центарот за културен проток “Артерија” во сабота на 31-ви март во галеријата “Робевци” – Охрид, ќе биде отворена изложбата на слики “Ликвидирани Вредности” од Горан Ристовски од Струга.

-За доближување на делото кон публиката, уметникот излегува на улица“ – како што вели авторот, но тој самиот на некој начин прави и обид за доближување на street art-от до „застарената“ галериска публика, а воедно и нтеграција на двете. Низ повторувачката шаблонизација продира доза на експресија и слободен израз како рефлексија на желбата за пробивање на „правилата“ и конформизмот. Правејќи инверзија и мешајќи медиуми, подлоги, графика со слика и street art, менувајќи ги амбиентите за изразување, има тенденција да ја разбие стандардната траекторија на погледот на гледачот. Од изложеноста на непостојаност и исчезнувње, овој пат со сигурност се отиснале и во перманентна состојба.- се вели во критиката на промоторот Билјана Ангелеска.

Изложбата на Горан Ристовски почнува во 20:00ч.