Во Центарот за култура “Григор Прличев” вечерва од 20 часот ќе биде отворена изложба од графичарката Сандра Соломонова.
 
Соломонова  дипломира на отсекот за графика на скопскиот факултет за ликовни уметности кај професорот Трајче Блажевски, а се надоградува со постдипломските студии. Зад неа стојат неколку групни излагања  во земјава и странство, а првото самостојна изложба ја организира минатата година во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје.

ohridnews