Пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид веќе е поставена изложбата на книги од роднокрајни автори родени во месец август.

Традиционално и на овој начин потсетуваме на нивните родендени и на нивното богато творештво. Во август се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – Катин и Кристина Т. Рудевска, велат од Библиотеката.

Оваа недела од најновата набавка во Библиотеката предлагаат да се прочитаат книги „Солта во морето“ од Рута Шепетис, „Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас, „Тајниот говор“ од Том Роб Смит и „Умри за мене“ од Синтија Идн.

Четирите наслови се во издание на „Сакам книги“ и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс. Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример, информираат.

Инаку, Библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до петок, а годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

OhridNews