Во организација на Центарот за културен проток “Артерија” во сабота, 2-ри февруари, во галеријата “Робевци” во Охрид, ќе биде отворена изложбата “Температура, циркулација, гравитација…” од Маја Кировска од Скопје.

“Температура, циркулација, гравитација е изложба составена од поголем
брoј асоцијативни дела, колажи објекти и видеа, каде авторот ги
материјализира сите мисли кои спонтано се јавуваат размислувајќи за
цикличниот тек на нештата т.е. циклусите во природата, животот на
човекот… Ги разгледува релациите, природно – вештачко,
органско-неорганско, растително-животинско-човечко… со акцент на
природните сили кои подеднакво делуваат во сите овие сфери и доведува до
сличности во однесувањето во одредени ситуации.

Изложбата почнува во 20:00ч.

Со оваа изложба Артерија го започнува циклусот “мултивитАРТизација” кој веќе трета година се одржува во соработка со галеријата “Робевци”.

OhridNews