Со изложба на фотографии од 13. Меѓународен конкурс за фотографии на тема културно наследство, во Музејот на Македонија денеска  ќе биде отворена годинашната манифестација „Европски денови на наследството“. Во реалиацијата на манифестацијата што ќе трае до 1 октомврие вклучени 15 музеи од Македонија, меѓу кои и охридскиот Завод и Музеј. За време на Европските денови на наследството влезот во музеите ќе биде слободен.

На изложбата во Музејот на Македонија ќе бидат претставени наградените фотографии од околу 40 земји, а меѓу нив и две фотографии на оваа тема од Македонија, од Милан Поп Стефанија од Охрид и Јосиф Анастасов и Јован Панајотов од Струмица.

„Европските денови на наследството“ се организираат од 1991 година на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка на Европската унија. Од 2005 година сите европски земји учествуваат во манифестацијата, чија цел е промоција и заштита на сопственото културно наследство кое е дел од наследството на континентот.

Ohridnews