Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид во соработка со Фото Кино Клуб од Битола организираат изложба на фотографии од Мишо Јузмески, под наслов „Охрид во 36 слики“.

Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи во НУ Центар за култура- Битола, вo сабота со почеток од 20 часот.

Изложбата на која ќе бидат презентирани невообичаени фотографии од Охрид ќе може да се посети до 20-ти април.

OhridNews