СВР Охрид до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.Н. (47) од Охрид, сопственик на фирмата “Центар НМБ“ ДООЕЛ –Охрид, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “измама“ , како и против бугарската државјанка Ј.А.Д. за кривично дело “помагање“ сторено  во врска со претходно споменатото кривично дело “измама“.

На 24.08.2005 година двајцата пријавени склучиле договор за коинвестирање, односно Ј.А.Д. како наследник на куќа во Охрид на ул. “Димитар Влахов“потпишала и му дала полномошно на М.Н. да изгради зграда на местото на наследената куќа и да може да склучува договори за продажба на становите на посочената адреса. После ова во периодот од 27.02. 2006 година до 16.02. 2007 година првопријавениот склучил договори и преддоговори со 11 оштетени лица, заверени кај охридски нотари. За некои од становите М.Н. склучил и двојни договори, исто така, заверени кај нотар. Тој од оштетените земал пари (вкупно 118.127 евра), некои платиле дел некои во целост, а за примените пари давал “каса-прими“ на име на неговота фирма.

Меѓутоа, на 10. 04. 2007 година двајцата пријавени склучиле нов договор, односно спогодба за раскин на договорот за соинвестирање со што второпријавената си го повратила имотот во сопствено владение и се стекнала со право да ја изгради зградата со трети лица и да ги продава становите на други лица, со што биле занемарени обврските кон 11 оштетени лица што претходно целосно или делумно платиле са станови во спорниот објект. Таа истиот ден склучила договор со друго лице како изведувач на изградба на објект.

Инаку првопријавениот покрај ова измамил уште девет  други лица склучувајќи со нив договори, заверени на нотар, за изградба на станови и куќи на атрактивни локации во Охрид покажувајќи им лажни фактури дека ќе го исполни договорот а потоа истите станови ги продавал и на други лица. Така, М.Н. на штетта на овие девет лица се стекнал со противправна имотна корист во висина од 177.512. евра. МВР превзема мерки за пронаоѓање на двајцата пријавени кои во моментов се недостапни за органите на прогонот. 

извор:
МВР