Околу 80 извидници од 23 европски земји, во заедничка акција со неформалното еколошко движење „Чист Охрид“ и еко-активисти од градот, денеска, еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја, го исчистија просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселска и плажите во околината.

Во акцијата беа собрани најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.

Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. – порачаа учесниците во акцијата.

Извидници од 23 европски земји чистеа oтпад од охридското крајбрежје

OhridNews