Извлечени групите и познат распоредот на натпреварите на годинешното издание на еден од најстарите и најреномирани турнири во мал фудбал во регионот „Петровден“ во Мешеишта кој започнува во петок, 19 јуни. На турнирот учество ќе земат 31 екипа распоредени во 8 групи.
Распоред на натпреварите од групна фаза од турнирот може да види на линкот https://turnirpetrovden.mk/
Годинава турнирот ќе се одржи по 51-ви пат, продолжувајќи ја традицијата која повеќе од пет децении обединува генерации спортисти, рекреативци и љубители на фудбалот.
Како и минатата година, турнирот ќе понуди богат награден фонд од 500.000 денари. Предвидени се и индивидуални признанија за најдобар играч, голман, стрелец и најдобар млад фудбалер.

Петок 19.06.2026
Група А
20:30 Асп Пак – Кафе бар Слобода
21:30 Нова Пор – Виена Комерц
22:30 Топлина – Пејачката Софче Македонија
Група Ц
21:30 Виена Комерц – Нова -пор
OhridNews



















