СЈО утринава изврши претрес во домовите на Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на Владата, и екс министерката Елизабета Канческа- Милевска. Не е познато дали претресите се извршени за нова предистражна постапка или за случај што веќе е во тек.

Божиновски е еден од обвинетите во случајот „Титаник“ на СЈО. Се товари за Злосторничко здружување и Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Од обвинителството бараа на Божиновски да му се одреди притвор, поради опасност од бегство и влијание на сведоци, но судот го одби ова барање и само му го одзеде пасошот.

Канческа-Милевска е обвинета во случајот „Тендери“.

OhridNews