Мостот во село Вапила доби нови лик. Екипа на ЈП Градски Пазар изврши комплетна санација на заштитната ограда на мостот во с.Вапила, со што е овозможено безбедно и непречено движење на локалните жители, информираат од претпријатието.

Оградата на мостот беше оштетена по сообраќајна несреќа, по што следеше реакција од жителите дека повеќе од месец дена не се санира истата и претставува потенцијална опаснот по безбедноста со оглед дека секојдневно по мостот се движат автомобили.

Од стручните служби од Општина Охрид посочија дека по изготвување на техничко решение ќе се пристапи кон решавање на проблемот.

OhridNews