Извршена санација на сидриштето кај каналот Студенчишта од страна на екипи на ЈП „Градски пазар”.

Во санацијата, како што информираат од Општина Охрид било опфатено и премачкување со соодветна боја на дрвените површини.

Премачкувањето се врши со цел подолгорочна заштита на дрвените површини и разубавување на изгледот на пешачката патека, додаваат во соопштението.

OhridNews