Министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкуловска  тврди дека телефонските разговори кои ги објави Заев  на денешната прес конференција во врска со убиството на Мартин Нешовски се сечени и монтирани.

,,Заев продолжува со објавување на материјали кои немаат врска со реалноста сакајќи да го свртат вниманието на јавноста преку злоупотреба на туѓа смрт и семејни судбини … Од неговата прес конференција се потврдија неколку работи не постоеше никаква формална  пријава, немаше сознанија дека има убиство “ изјави Јанкуловска на денешната прес конференција во Владата.

Таа додаде дека МВР ги  превзела сите активности за пронаоѓање на сторителот на убиството на Мартин Нешковски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев презентирајќи ги аудиоснимките од прислушуваните телефонски разговори посочи дека одговорните во МВР го прикривале убиството на Мартин Нешкоски.

OhridNews

Извор: „Телма“