Од 9 до 12 март, во Палермо, Италија, се одржа престижното Биенале за современа уметност со учество од преку 600 уметници од цел свет. На настанот што го организираа најпознатиот италијански куратор за современа уметност Паоло Леви и Сандро Серадифалко во соработка со истакнати личности од светот на културата, сликарството, фотографија и дизајн, беа претставени 60 избрани дела од европски и американски автори кои го одбележуваат современото сликарство во почетокот на 21 век, меѓу кои и македонскиот сликар од Охрид Јордан Манасиевски.

Италијанската уметничка критика исклучително позитивно го оцени сликарството на Јордан Манасијески, а него го вброи во автори чии дела имаат висока естетска и креативна вредност со музејски критериум. 


“Ти благодариме Мајко за твојот дар” – Јордан Манасиевски 

Од биеналето во Палермо се очекува да биде изработена ексклузивна печатена монографија во која ќе бидат презентирани селектираните автори, меѓу кои и нашиот
Јордан Манасиевски кој во Италија се претстави со делото “Ти благодариме Мајко за твојот дар”, слика масло на платно изработена во 2017 година.

OhridNews