
– Многу е лесно сега да се лицитира со опциите со кои би се набавила опремата се со цел модернизација на работата на јавниот паркинг простор, од кога го доведовте до чекор од затворање Јавното претпријатие во вашето 8 годишно владение со општината, преку константното трупање на долгови и големата превработеност. Ние во овој момент го најдовме најдобриот начин како претпријатието да остварува поголем приход, а воедно да не сме изложени на дополнителни расходи. Иднината за многу брзо ќе докаже дека оваа одлука е во интерес на претпријатието и особено на вработените, и со тоа се надеваме конечно ќе ја суспендираме вашата константна ” загриженост ” за ЈП Билјанини Извори и јавниот паркинг простор, додаваат од јавното претпријатие.
OhridNews
ВМРО-НП: Паркинзите да останат целосно во рацете на ЈП „Билјанини Извори“











