Заштитата на правата од индустриската сопственост и нивното спроведување, усогласеноста со европските закони и директивите на ЕУ, беа дел од темите на кои се разговараше на денес одржаната средба средбата со стопанствениците од Охрид, Струга и Дебрца.

Според Горан Герасимовски, заменик директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, и покрај тоа што е присутна иновативност аи креативноста, кај македонските компании употребата на интелектуалната сопственост во целина е ограничена.

  • Иако ограничена, креирањето и управувањето со интелектуална сопственост има клучно значење за одржување на растот конкурентност и проширување на пазарот на македонските компании, вели Герасимовски.

Основната смисла на заштитата на индустриската сопственост е поттикнувањето на техничко-технолошкиот дух и воопшто на стопанскиот развој, но и уредување на конкурентните односи меѓу правните субјекти втемелени на општестено-моралните и развојно прифатливи критериуми, рече на средбата градоначалникот Јован Стојаноски. Според него, доколку има добра стимулација и солиди врски меѓу стопанствениците ќе има и поголем број вработувања.

  • Сме имале, имаме и ќе имаме врвни креативци и иноватори. Наши сограѓани добивале високи домашни и странски признаија. Ширум светот има млади охриѓани кои иновирале нано очила за хируршки зафати, работат во најпознатите генетски или комуникациски лаборатории или се професори на престижни универзитети, потенцира Стојаноски.

Според досегашните податоци, заклучно со 2015 година во Охрид се регистрирани 298 заштитени марки, додека пак во струшкиот регион бројката е 57. Меѓу нив се македонскиот ајвар, охридскиот бисер, Бовин вино, Дисан вино и кочански ориз.

Во однос на тоа како ќе влијаат актуелните политички случувања околу промената на името, од секторот за трговски марки велат дека промени во ознаките на потекло нема да има.

Настанот се одржа во организација на Државниот завод за индустриска сопственост и општина Охрид.

OhridNews