(Нe)функционирањето на Сојузот на спортови е најгорливиот проблем  за охридските клубови и спортски работници кој беше најекспониран на панел дискусијата “Спортот во Охрид“ одржана на инцијатива на Младинскиот Совет на Охрид.

Немањето на спортска инфрастуктура , враќање на изборот за спортист на Охрид, кој повеќе од пет години не се одржува како и создавање на подобри услови за охридските спортисти беа темите на кои полемизараа спротските работници кои во голем број се одзваа на поканата.


Неприсутвото на преставници од  спортскиот сектор во локалната самоуправа , дополнително ја разогре расправаја во општинската мала сала, која беше претесна да ги прими спортските работници кои во голем број се одзваа на поканата.

Ние сме дојдени овде за доброто на спортот во Охрид, за доброто на Охрид . Потребно е факторите да го слушнат нашиот глас и да застанат зад иницијативите за доброто на Охрид – потенцираше еден од  доајените на охридскиот спорт Леко Радиќ.

Повеќе од задолжително треба да е присуството на луѓето од спортот во локалната самоуправа на ваквите средби. Нефукнционирањето на Сојузот на спортови  во Охрид е еден од проблемите кои под итно треба да се решат. Имавме приватен бизнис клуб, кој траеше три-четири   сезони и потоа локалната самоуправа на таков клуб, приватно финансиран му додели награда, а сите други спортисти во градот да ги направат љубоморни – истакна проф. Гоце Тасески , од кошаркарската школа КК Старс.


Ефектот ќе беше далеку поголем доколку некој од одговорните на лице место ги чуеше нашите проблеми и  размислувања, рече Ристо Трајкоскии и додаде, нас ние е потребно дефинирање на  приоритети врз кои ќе го темелиме развојот на спортот во Охрид. Вака ние лутаме и на жалост нема спорт во кој постигнуваме резултати и сме препознатливи.

Спортовите на вода кои треба да бидат водечки во Охрид , се на работ на егзситенцијата , а пливањето кое некогаш беше број еден спорт одамна е замрено. 

Охрид беше колевка на маратонското пливање, но денес ние немаме ниту еден пливач охриѓанец кој ќе настапи на маратоните кои се одржуваат во Охрид, и да не бевме технички организатори ќе бевме само неми посматрачи на се што ни се случува – рече Соња Думбалова – Делова која потенцираше дека со нефунцкиoнирањето на базенот зададен му е шокантен удар на пливачкиот спорт до кој долго време неможеме да се соземеме.

Ние го имаме најголемиот спортски полигон во Македонија, Охридското Езеро, но ниту тоа не знаеме да го искористиме, потенцираше Стевчо Ставрев од едриличарскиот клуб Бофор, кој истакна дека како стојат работите Охрид иако  е одреден за домаќин на Балканијадата во Едрење наредната година, најверојатно ќе мора да ја откаже организацијата.


Во ништо подобра ситуација не се ниту веслачите кои благодарение на урбанизацијата на градскиот кеј со ресторани и локали, мора на рамо да ги носат пловните објекти и по 50 до 100 метра за да можат да влезат во езерото.

Повеќе од потребна е реорганизацијата на  Сојузот на спортови, Ние не бараме сојузот во целост да ги покрива нашите трошоци, но да покрие еден дел со кој клубот непречено би го обезбедил својот опстанок – истакна Климе Матилоски од веслачкиот клуб “Југ.

Проблемот врзан со Сојузот на спортови е само еден во низата кои го мачат охридскиот спорт. Поголем проблем според Иван Цветкоски  од ЈП “Билјанини Извори “ е слабото менаџирање со спортот.

Менаџирањето со охридските клубови е на многу ниско ниво, клубовите речи си да немаат никаков маркетинг кој би им донел дополнителен бенефит. Потребна е поголема сполотеност меќу клубовите и потребна е многу поголема меѓусебна соработка  – смета Цветкоски

Наместо судир на идеи, трибината на моменти преставуваше судир на суети, ваквата трибина покажа дека дијалогот им е повеќе од потребен на охридските спортски работници. Проблемите кои го тиштат охридскиот спорт долго време се заскриени под тепих и потребно е исите да излезат на површина и еден по еден да се решават. За доброто на сите.

М.Постоловски