Кадмо бар

Од 23.12.2022 - 10:00 до 23.12.2022 - 23:59

Со роденденска забава што ќе се одржи во петок, 23 декември, познатиот угостителски бренд Кадмо бар, во центарот на Охрид, ќе одбележи 16 години постоење.

Во текот на роденденскиот ден ќе има попуст на целото мени од 50%, а вечерта гостите ќе ги забавува бендот „Урбан Планет“.

Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година кога беше отворен барот „Кадмо“ во центарот на Охрид, кој низ годините стана синоним за квалитетна понуда и добра забава, која ќе ја има во изобилие и во предновогодишните денови.

Новата 2023 да ни биде поубава и посреќна. Имајте добро здравје и уживајте во убавите моменти од животот. Ние сме тука за вас, да ви ги збогатиме уште повеќе. Среќни празници! – им посакува на охриѓани роденденски расположениот тим на „Кадмо“.

OhridNews