При искачување на карпи во Демиркаписка клисура, вчера, околу 12 часот, од висина од околу 20 метри паднал 71-годишен чешки државјанин.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Неготино. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

OhridNews