Почитувани,

Од денеска на нашиот интернет портал стартува нова содржина „Календар на настани“ која има за цел да биде јавен сервис кој ќе ги презентира настаните и  збиднувањата кои во наредниот период ќе се случуваат во Охрид. Оваа содржина не е од комерцијален карактер и неа  ќе ја креираат граѓаните, институциите, медиумите, спортските клубови и други заинтересирани субјекти, а ќе се однесува на настани што ќе се случуваат во нашиот град кои се од јавен интерес.

Сите заинтересирани можат да се регистрираат за пристап до Календарот на настани на Ohridnews, под услови кои се пропишани во упатството за логирање. Со креирањето на оваа содржина целта ни е да ја информираме пошироката јавност за настаните кои ќе се случуваат во Охрид, а сето тоа да биде достапно на едно место 24 часа дневно. Во календарот на настани ќе се објавуваат најави за културни и спортски настани, промоции, забави и други настани, кои ќе бидат креирани од Вас, а ќе ги одобрува редакцијата на Ohridnews, се со цел да не дојде до злоупотреба на медиумскиот простор со содржини кои се косат со моралот и пропишаните правила за користење на сервисот „Календар на настани“.

Сите информации за начинот на функционирање на Календарот на настани и регистрација за користење на неговите содржини можете да ги добиете на линкот поставен нашата веб страна. Информации забелешки и прашања во врска со Календарот на настани може да поставувате на контакт адресата [email protected].

ohridnews