Актуелната политичка криза може да се реши само преку дијалог, сметаат претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски и акaдемик Иван Катарџиев

-На сите собитија што предизвикуваат во едно општество трауматски состојби или конфликти треба да гледаме така што да бараме прво апсолутна пацификација или смирување на сите тие страсти и наоѓање на разумни решенија низ политички дијалог, смета Камбовски.

И академик Иван Катарџиев смета дека сегашната криза може да биде надмината со дијалог.

– Секое друго решение е невозможно ако мислиме дека со револуционерни средства од минатиот век можеме да го решиме проблемот. Иднината ни е апсолутно во разговорите, во надминување на спротивностите, на градење на хомогена структура и тоа со сите жители на РМ без секаква поделба на етничка, верска или друга основа. Значи перспективита на РМ е во иднината, верувам во неа. Оваа криза не е единствена и само за Македонија. Ако направиме мала ретроспекција на историјата на државите низ соседството ниедна држава не поминала без кризи, кои често ги доведувала во прашање нивната егзистенција.  Само со позитивен однос низ способноста на овој народ да ги отстрани деловите од своето тело кои можат да водат кон гранена може да отвори простор за подобар живот, дециден академик Катарџиев.

OhridNews

Извор:„МИА“