Депонијата „Буково“, наместо современа точка за управување со отпад, со децении функционира како еколошка депонија-монструм која го труе воздухот и почвата во охридско-струшкиот регион. ​Густиот чад кој често се издига од планината не е само визуелна грдотија, туку директна закана за локалното население и заштитеното подрачје на УНЕСКО. Канцерогени честички, децениска негрижа и ветувања кои со години „заглавуваат“ во административните лавиринти.

Во новото издание на “Напладне” со активистката Драгана Карашова разговараме дали и кога ќе се спасиме од оваа ” темпирана бомба”!?

Карашова во „Напладне“: Депонијата „Буково“ еколошка темпирана бомба над Охрид

OhridNews