Караванот на Националниот демократски институт за меѓународни работи, за слободни и фер избори, викендов ќе престојува во охридско – струшкиот крај. Кампањата која се води под мотото „КАКОВ БЕЛЕГ ЌЕ ОСТАВИМЕ“денеска ќе биде претставена во Струга и Велешта, каде ќе биде презентиран кодексот за фер избори потпишан одстрана на сите политички партии. Исто така ќе се
собираат потписи и пораки за подршка од граѓаните, а ќе биде поделен и промотивен и
информативен матерјал. Караванот во Велешта ќе престојува од 16 до 17 часот, а од 18 до 20 часот тој ќе биде во центарот на
Струга, пред хотелот „Београд“.
Во Охрид караванот ќе допатува во недела, а презентацијата на програмата за фер и слободни избори ќе се одржи од 11 до 13 часот на градскиот плоштад.
Националниот демократски институт за меѓународни работи е невладина организација со седиште во Вашингтон, САД, а во Македонија работи од 1993. Во соработка со неколку други НВО, НДИ веќе 7-ми пат спроведува кампања за слободни и фер избори. која е поддржана од политичките партии и од ЗЕЛС.










