Македонската поп – икона Каролина Гочева, синоќа на изборот за „Песна за Евровизија“ со леснотија ги освои максималните 144 бодови доделени од 12 гласачки центри низ Македонија. Нејзината песна „Мојот свет“, компонирана од Григор Копров, ќе биде наш адут во Хелсинки, Финска, на 8-ми мај кога е главната манифестација – Eurosong 2007. Ова е нејзин втор пласман на Евровизија, по 2002 година кога настапи со „Од нас зависи“.
За да се избегнат шпекулациите и секогаш присутни гласини за „местење“, оваа година организаторот на „македонскиот“ евросонг реши да се бројат само гласовите од телевизиските гледачи низ Македонија.
Што се однесува до самиот избор, прв впечаток е дека во „универзална“ синоќа не видовме (чувме) ништо ново и свежо. Победничката песна јасно го носи потписот на Копров, но таквите тонови се малку демоде. Евровизија бара нешто ново и необично. Доказ за тоа се ланските победници „Лорди“ кои ја ставија „анемичната“ Финска на музичката мапа. Организацијата беше добра, сцената изгледаше многу поевропски за разлика од претходните години, а водителите Живкица, Миланка и Игор расположени и квалитетни. Сите телевоутинг центри низ Македонија беа директно вклучувани, аудио-видео, а само Охрид (не знаеме од кои причини) гласовите ги „даде“ по телефон, без слика.
Зад Каролина, на второ и трето место се пласираа Тамара Тодевска односно Ламбе Алабакоски.
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, минис...
Мапирана и расчистена е дива депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид при што подигнати се 20 кубни метри несоодветно депониран кабаст отпад, информираат од ЈП Охридски Комуналец Огромни коли...
На 20072026 во 20:36 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, 41-годишно лице од Украина физички нападнал 76-годишна жена од Охрид По целосно документирање на настан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.