„Ќе го побарам Села за да разговараме за можноста за соработка во вториот круг за да ги максимизираме резултатите“, најави Биљал Касами, претседателот на движењето Беса.

Касами по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Скопје рече денеска треба да разговара со  предводникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, за можна коалиција и соработка во вториот круг на локалните избори таму каде што има простор за заемна поддршка.

OhridNews
Макфакс