По повод Денот на eкологијата 5 Јуни, женскиот центар Бисера од Охрид објавува конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град, во пресрет на туристичката сезона, велат од Бисера.

Конкурсот ќе трае od 23.мaj  до 3.јуни 2017 год.

Сите заинтересирани граѓани своето учество треба да го пријават на тел. 264-469 од 11 до 13 часот секој работен ден или во канцаларијата на ЖЦ Бисера  Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 8 во Охрид.

OhridNews