Утре, во Охрид традиционално ќе се прослави 12-мај, Меѓународниот ден на мајката. Манифестацијата ќе се одржи во просториите на основното училиште „Св. Климент охридски“ со почеток во 18 часот.
Со свои програми ќе учествуваат најмладите охриѓанчиња од детските градинки и основците од сите основни училишта во Охрид. За најдобрите литературни и ликовни детски творби пријавени на конкурсот распишан од страна на ЖЦ „Бисера“, „Мајка“, ќе бидат доделени награди и признанија.
OhridNews












