Општинската организација на СБ од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца со низа настани ќе ја одбележи 73 годишнината од битката кај Српница. Утре, 28 април (петок ), во 10 часот ќе се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ  во село Лешани. Во 10.30 часот, ќе има полагање на цвежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ на споменикот во Српница. За значењето на овој настан пригодно обраќање ќе има Гоце Георгиески – претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебрца.

Со намера да ги ослободат комуникациите за врска со армиската Е група германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против единиците на НОВ И ПОМ ја презедоа Пролетната офанзива што траеше од 24 Април до 19 Јуни 1944 година. В рамките на ова офанзива при крајот на април Првата-Македонско-Косовска-Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебрца за да ја поврати слободната територија Дебрца. Се до 8 Мај Бригадата водела офанзивни борби, посебно кај селата Завој, Велмеј, Лешани, Брежани – во месноста Српница, Слатино, Оздолени, Цер, Арбиново, Лактиње  и други.    

Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач на 29 Април 1944 година во месноста Српница животите ги положија 13 борци.

OhridNews