На 30-та седница што се одржа вчера, Владата на Република Македонија, донесена одлука сите министерства да достават информација за нивните правилници и практики за исплати на надомест за дополнителна и прекувремена работа на службениците во министерствата ангажирани во совети и комисии. Оваа информација потоа треба да послужи како основа за утврдување на принципите, врз основа на кои владата треба да донесе став по ова прашање. 

На предлог на Министерството за култура  владата одлучи оваа година да не биде доделена наградата „23 октомври“. Владата го усвоила предлогот врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување на оваа награда мандатот ѝ завршил во февруари оваа година и дека претходната влада не покренала постапка за формирање нова. Заради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување на кандидати за оваа награда.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од набавка на униформи за припадниците на полицијата на Министерството за внатрешни работи, и го задолжи министерството да поднесе барања за добивање согласност до Советот за јавни набавки за спроведување на јавни набавки за повеќе делови од униформата за припадниците на полицијата. 

OhridNews