Судскиот процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски што се случи на дочекот на Новата 2016-та година во центарот на Охрид, за што обвинетиот Бојан Угреновиќ (30) од Р.Србија беше осуден на казна затвор во траење од 16 години, ќе биде повторен. Ваква одлука донел апелацискиот суд во Битола кој поради забелешки, кои биле доставени до основниот суд во Охрид, го врати случајот на повторно судење.

Повторениот судски процес ќе започне утре.

 

OhridNews