Од локалната самоуправа информираат дека екипи при Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, вечерва, ќе започнат акција за уредување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, односно бојадисување  на осовинските линии и пешачките премини на неколку улици: Булевар „Туристичка“, „ Македонски просветители“, „ Димитар Влахов“, „ Партизанска“ и  „Јане Сандански“. Акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата.

Уредувањето на хоризонталната сигнализација  ќе се реализира во вечерните часови во наредните  две недели, кога е намален интензитетот на сообраќај , и истата ќе биде соодветно означена.

Од локалната самоуправа апелираат до охриѓани во вечерните часови да се воздржуваат од паркирање на своите автомобили на наведените улици   со цел непречено реализирање на акцијата.   

OhridNews