Во рамките на фестивалот Охридско лето вечерва во катедралната црква Света Софија ќе настапат Давид Герингас, челист и диригент-Литванија  и Кеико Тамура -пијано, Јапонија.

Иако предходно беше најавено дека  Давид Герингас ке биде придружуван од Татјана Герингас, поради повреда нејзина замена ќе биде јапонската пијанистката Кеико Тамура.

Давид Герингас е еден од нај брилијантните студенти на големиот Ростропович. Неговата впечатлива кариера на виолончелист и диригент започнува по zлатниот медал на натпреварот ”Чајковски”. Герингас е професор на Берлинската Музичка Академија ,,Ханс Ајслер”; почесен професор на Конзерваториумот ,,Чајковски”; Германски Амбасадор на културата; пропагатор на современата литванска музика повеќе пати одликуван од својата држава; организатор на мастер програмите за млади таленти низ целиот свет…

Концертот на Герингас започнува во 21 ч.

Два часа подоцна на сцената на Долни Сарај Националниот тетар од Албанија ќе ја изведе претставата „Севиљскиот берберин“.

ohridnews