Повеќе од десет години откако заедно глумеа во филмот „Титаник“, Кејт Винслет и Леонардо Ди Каприо повторно ќе глумат заедно.

Актерската двојка ќе игра во драмата „Revolutionary Road“ во режија на сопругот на Кејт Винслет-Сем Мендез.

„Не знаев дали и после „Титаник“ ќе постои хемија меѓу нас“, раскажува актерката.


Според нејзините зборови, со „хемијата“ немало проблеми, но љубовните сцени биле прилично чудни.

Непрестајно зборував „Ова е премногу чудно“, раскажува актерката додавајќи дека колегата Ди Каприо ја смирувал.
Таа му велела „Само да те потсетам:Ти си мој најдобар пријател. А тој е мој сопруг. Тоа е малку чудно“.

Филмот „Revolutionary Road“ е приказна за распаѓањето на еден брак поради неуспехот да го проживеат толку ветуваниот „Американски сон“.