Во организација на Теквон-До и Кикбокс клубот “Хваранг Фист” во Охрид денеска  се одржува првиот отворен меѓународен кикбокс турнир “ЛИХНИДОС 2007”.

Целта е, како што најави организаторот, турнирот да стане традиционален и да се одржува секоја година.

Од “Хваранг Фист” информираат дека оваа година поради немање соодветен ринг, борилиште, ќе има натпревари само во семи-контакт.

На турнирот ќе учествуваат  екипи од Грција, Србија и Бугарија, како и клубови од нашата држава. Натпреварите кои започнаа утрововаат се одвиваат во  спортската сала “Билјанини иззвори“.