Кина и САД се согласија да ја обноват комуникацијата на високо ниво меѓу нивните војски, вклучително и работни состаноци меѓу министерствата за одбрана, објавија денеска кинеските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на претседателот Си Џинпинг на неговата средба со претседателот Џо Бајден.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден се согласија да ги обноват воените комуникации на високо ниво засновани на еднаквост и почит, јави Синхуа.
На самитот во Калифорнија, двајцата лидери, исто така, се согласија да започнат заеднички владини дискусии за употребата на вештачката интелигенција и да формираат работна група за соработка во областа на борбата против наркотиците.
Бајден и Си се согласија да работат заедно за да го запрат производството и дистрибуцијата на опиоидот фентанил, водечка причина за смртни случаи од предозирање во САД.
Претседателот Си му рече на Бајден дека Кина не се обидува да ги „престигне или замени САД“ и дека „САД не треба да се обидуваат да ја потиснат и контролираат Кина“.
Кина нема да тргне по стариот пат на колонизација и грабеж, рече Си.
Тој, исто така, го предупреди Вашингтон дека Пекинг не е задоволен од санкциите, како и со другите мерки против кинеските компании.
Американските дејствија против Кина за контрола на извозот и инвестициите, како и едностраните санкции, предизвикуваат сериозна штета на легитимните интереси на Кина. Потиснувањето на кинеската наука и технологија е еднакво на кочење на квалитативниот развој на Кина и лишување на кинескиот народ од правото на развој, рече Си, пренесува Синхуа.
OhridNews
 
					



 
							







 
					