– Законот за академија на судии и јавни обвинители, Закон за изменување и дополнување на законот за судовите, законот за изменување и дополнување на судскиот совет како и за изменување и дополнување на судскиот буџет , се само дел од нив, рече Крстеска.
Кипаризоска- Крстеска најави дека од 2011 година, е предвидено воведување на тонско снимање на рочиштата, ќе започне трансферот на извршени предмети од судовите кај извршителите, ќе биде изготвен Стратешки план за утврдување на потребниот број саудии и јавни обвинители, а до крајот на 2011 година ќе се донесат сите подзаконски акти потребни за имплементирање на законот за кривична постапка.
– Важно е тоа што со овие промени се вршат системски промени во праводудниот систем и свеста за практикување на правото. Судијата ќе може да биде човек со висок човечки , морален и професионален капацитет и интегритет, ќе може да напредува во кариерата, во поглед на самите судски постапки придобивката ќе е брза и ефикасна со строго утврдени рокови за започнување ,водење, изрекување пресуди, жалби, одлучување по жалби и ревизија пред Врховниот Суд, рече Крстеска.
Таа информира дека во рамки на судовите ќе бидат отворени и канцеларии за односи со јавноста, а од нејзина страна до повисоките институции ќе биде пренесена и потребата за заштита од евентуалните злоупотреби при информирањето од страна на интернет медиумите.










