Кире Лазаров на врвот на листата на стрелци ќе го дочека последното коло од главната фаза на ракометнтиот мундијал.

Тој ја предоводи листата на стрелци со 70 гола, и со 23 гола е пред Иван Чупиќ од Хрватска. Сега на Лазаров му требаат уште 16 гола на следните два натпревари за да го надмине рекордот на постигнати голови на едно СП.

Капитенот на македонската репрезентација е и најдобар асистент со 26 успешни додавања.

ohridnews