Со натпреварите од првото коло, викендов почнува плеј-офот во ракометната Супер лига, од кој дел е и ГРК Охрид. Во редовите на „гладијаторите“ владее оптимизам, дека и покрај големата и квалитетна конкуренција, клубот може да отиде чекор понапред.

Ќе има доста квалитетни натпревари во плеј-офот. Сите екипи, со исклучок на Вардар и Еурофарм Пелистер, се со приближен квалитет. ГРК Охрид ќе се бори максимално на секој еден натпревар и целта ни е оваа сезона да обезбедиме многу добар пласман и да направиме чекор напред во плеј-офот. – изјави во емисијата Спорт+ на Охридњуз Ристе Китески, член на управата на ГРК Охрид.

Китески: ГРК Охрид може чекор подалеку во плеј-офот

ГРК Охрид плеј-офот го почнува од Битола, каде денеска му гостува на Еурофарм Пелистер 2. Средбата почнува во 18 часот, а љубителите на ракометот може да ја следат на линкот подолу.

Почнува плеј-офот во ракометната Супер лига

Г.М.