Екипата на Лабуништа е нов лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Црно белите“ на врвот од табелата се искачија после триумфот (2-0) над Скопје на Градскиот стадион во Струга. Головите за победа домашниот состав ги постигна во првиот дел преку Шерифи и Спиркоски.

  • Притисокот го осеќав помеѓу играчите иако натпреварот го почнавме доста офанзивно со голема желба за трите бодови. Водечкиот погодок ни беше награда за добриот почеток. Потоа игравме добро и креиравме уште неколку прилики. Вториот гол во 41-та минута дојде во вистинско време, бидејќи тогаш малку се повлековме и собиравме сили за второто полувреме. Во продолжението со организирана играна сопствената половина ја зачувавме предноста и стигнавме до целта. – изјави тренерот на Лабуништа, Пепи Џигероски.

Предводникот на Лабуништа ја откри тајната на успехот на екипата која „троши“ втората сезона во второлигашкото друштво.

  • Лидерската позиција ја заслуживме тука нема дилема, но сега ќе треба уште повеќе да вложуваме во мечевите и работиме на тренинзите да ја задржиме. Јас лично верувам во екипата која ја краси неверојатна тимска хемија. Ни следуваат уште два натпревари кои ќе пробаме да ги добиеме и да останиме каде што моментално се наоѓаме. – додаде Џигероски.

Натпреварот помеѓу Лабуништа – Скопје беше со хуманитарен карактер и собраните средства од продадените влезници беа поделени на Сара и Амина кои ја водат најважната битка во животот.

Фото: Лабуништа се искачи на врвот од Втората МФЛ

Фото: Селфи со лидерски шмек на Лабуништа

OhridNews