Коалицијата “Заедно за европска Македонија”, вечерва одржа собир во Охрид, од кој беа упатени пораки за поддршка на претстојниот референдум.

30 септември не е ден на кој треба да се остане дома. Вистински патриот треба да излезе на референдум и да ја поддржи иднината на земјата и идните генерации, истакна во обраќањето пред охриѓани премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Тој рече дека Договорот со Грција ги гарантира идентитетските обележја на Македонскиот народ и држава.

Пред присутните на плоштадот „Св. Климент Охридски“ се обрати и пратеникот од Охрид Томислав Тунтев. Тој направи паралела помеѓу историските моменти и личности од градот и претстојниот референдум, кој, како што рече, треба да  обезбеди сигурна иднина на земјата.

Карванот на коалицијата “Заедно за европска Македонија” претходно одржа средби со граѓаните на Струга.

OhridNews