Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на граничниот премин Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 45 до 60 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.