Доколку оваа колумна ја објавев во пресрет на некој празник, многу полесно ќе можев да објаснам зошто ја пишувам. Едноставно ќе се надоврзев на честитката, протнувајќи суптилно што сакам да кажам. Најпрво, помислив дека 8 ми декмври ќе биде најдобриот момент за обраќање на моите сограѓани. Но, во истиот момент помислив дека тоа не е искреност. Веројатно, кога ќе испливаат чувствата на површина, нема добро или лошо време. Размислував да побарам помош, со што ова четиво ќе биде концизно и подобро напишано, но и од тоа се откажав. Сакав да е вака, како што чувствував, така и пишував, не водејќи сметка за литературната издржаност. Понекогаш рамките се најголемиот чувар на вистината, односно грубо кажано, таа е нивни затвореник. Ова четиво може да биде оценето како патетично, борба за гласови или како уште не . Но, тоа не ме загрижува. Се обидов да си поставам прашања и самиот да си ги одговорам.

Често го слушам прашањето „Зошто трет мандат? Многу побрзо од сите, и јас самиот себе се прашав зошто, пред да покажам амбиција.

Зошто трет мандат? Затоа што мислам дека ако привиот нормално го посакував покрај за себе промоција, во кој и воспоставив нови стандарди во работата на функцијата Градоначалник на Охрид, вториот го користев за реализирање на започнатото, третиот го дожувувам како мандат во кој треба да поентирам како во последните секунди на некој важен спортски натпревар, да напрвавам ревизија на својата работа без емоции, да ја оправдам до крај довербата на граѓаните, да ги направам горди на мене моето семејство и моите пријатели и најважното да ја изброрам најголемата битка со себе си.

Овој трет мандат ќе го имам најголемиот противник. Во овој трет мандат ќе се борам со себе си. Ќе се конфронтирам со своите зборови, ќе ги соочам моите дела со моите грешки, ќе ги спротиставам наученото и искуството со реалната состојба. Ќе им закажам дуел на моето преќутување со наметнатите зборови. Дуел на моја виситина со ВИСТИНАТА.Човечки е да се признае дека во мојот мандат имаше грешки, погрешни одлуки, како и полупаразити, кои ја влечеа личната корист, а го валкаа моето достоинство. Но, така е и во животот на секој човек, не само во животот на градоначачникот. Имам право да бидам убеден дека без оглед на се, преовладуваат позитивните работи, мојата способност за издигнување на партиската функција и добивање на епитетот кој и конкурентите го признаваат, а тоа е градоначалник на сите.

На карајот на краиштата позади мене ќе останат раскрсниците низ градот, модернизација на семафорска сигнализација, чистењето на речните корита поплочените тротоари од ул. Гоце Делчев, 8- ми септември, ул.„Стив Наумов“ , ул.„Вангел Николовски“, ул. „Јане Сандански“, ул. „Кленоец“, ул. „Марко Нестороски“ и уште многу други. Приклучување кон канализациона мрежа на ул.,,Александар Турунџев“,Српница“, „Живко Чинго“,и ,Андреа Јованоски“,изведбата на примарна и секундарна канализациома мрежа на улиците „Карпош Војвода“ и „Сирма Војвода“, кои се протегаат од бул.„АСНОМ“ до улица „Јане Сандански“ и многу други. Изведбени земјени работи пред асфалтирање на улици низ с.Велгошти. Тампонирање по цела должина на Северно-транзитна магистрала „Железничка“. Проширување на раскрсница помеѓу бул. „Туристичка“ и ул.„7 Ноември“. Санација со поставување на автентичен камен улица „Самоилова“, во стариот дел од градот и уште многу други проекти за кои немам простор во овааа колумна.

Да бидам искрен до крај , не можам да се фалам со општествена одговорност, ако ја немам одговорноста кон семејството. Мојот најголем успех е тоа што успеав моите деца да не ја живат приказната “деца на градоначалникот”, мојата сопруга секогаш да биде нечија ќерка, а не само моја споруга, мојот татко да биде испратен во вечниот дом од своите животни пријатели, а не само од новостекнатите. Тоа го знаат сите, ова е мало место.

Немав тенденција да напишам импресивна колумна, со некој посебен вокабулар, кој му прилега на некој посебен интелектуалец. Но, јас сум тој. Јас не сум посебен. Седам позади свите гаф – изјави. Моите сограѓани можат да го прифатат и тоа дека знам да бидам висок 185 метра, и да кажам дека Ламбе Арнаудов е пејач, но и да го поистоветам семејството со градот или обратно. Тоа е нешто што ги релативизира гафовите, а истовремено ми дава кредт за следен мандат. Јас не се кријам позади елоквентните изјави, скапи одела и вештачките манири. За разлика од многумина, знам да бидам храбар и да се спротиставам на многу моќници, но истовремено знам да бидам и подреден на обичните.

Во меѓувреме ќе продолжам со битката за добивање на третиот мандат. Оваа битка ќе ја водам со себе си , затоа што ако сме реални до крај, не само што не секој се нафаќа да ми биде против кандидат, туку овие избори одлучув да трчам многу потешка трка. Тоа е така не затоа што сум суетен, напротив, тоа е фокусирање на себе си и градот што ќе резултира со подобрување на мојата несовршеност и усовршување на самиот по себе совршен ГРАД.

п.с. Реално, сакав да ги убедам дури да ми го остават и” ЧЕ” место “ЌЕ”, но во служба на мирот во домот, направив отстапка.

Александар Петрески
Градоначалник на општина -ОХРИД

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.