Лелееее уште ме држит еуфоријата од годишнината на самосталноста на НСРСМ (Независна Самостална Република Северна Македонија). Море шо беше то славење, ора, игри и пеење, милина. Абре ко се задодовме во сите градој кун плоштадите низ сите градој па, па, па. Сите расположени, сите орни и оптимисти. Заборајвме и на СДС и на ДПЕ и КЗ и на АБВ. Сите бевме едно.

Паднаа честиткки. И то многу. Паднаа и говори. И то многу. Ај многу шо беа туку беа искрени. Се израдвив шо ете имало и ден во државава кај шо мојме да бидиме искрени. Нај искрен беше Таче. Чоечете рече дека овој препразничен ден го дочеквиме како напредна држава, членка на НАТО и со реални шанси да се втикачиме во семејството на ЕУ. Всушност рече дека на позитивно многу сме се промениле за овие 30-тина години.

И така јет. Се сменавме. Понапредни сме. Го менавме знамето и името. Второто менвење на името беше понапредно. Помодерно. Од спорадични кражби на функционери се префрливме на нешто организирано и понапредно. Криминал. Организиран. И ај шо криминалот е понапреден сега туку со шифрата 78%, данк ентер, џанг, сега е и законски. Каде каде денешниве знает по паметно да го крадет народот.

Ако го споредвиме второто влегвење на народот во парламентот ќе виш колку беше то посуптилно по напредно. Напредноста во држвава донесе и заштеда на многу средства односно затворање на пензионерски домој и геријатрии з`ш со вакви пензии кај да е ќе рикнат пензионериве. И за нив то е поарно. З`ш сега поефтино е да умриш отколку лекој да купвиш. Од толку шо сме напредни голем дел од младите неможат да ја издржат таа напредност и бришет од државиштево.

З`ш такви си сме ние. Добродушни. А добродушноста ја покажавме и со гласање на новиот КЗ. Апропо промената на КЗ маџарсконо Зоне од побегуља ќе станит вратуља и то ко Тито. Од Индија ќе си купит бел коњ. И ќе јават. На бел коњ. Сам пред својата колона. А на Таче и другарите ќе им купит кревет.

З`ш случај “ТНТ“ и 9 години затвор…аш. “Траекторија“… ска. Така да за една година коњот под г`с и в Македонија. Како цар. Кривично гонење на Јанушев за кинеските автобуси…. њет. А пак за брачед му на Зонета, Салето, за “Тврдина-Таргет“ и “Трезор“ нон гонење з`ш застарување. И на крај со милосрдието на СДС Миле и Милошоски ко да не тушнале, а не дека овај вториов присвој општинска зграда со татка му зедно. Уште по напредна порака до сите кои ќе се одлучет да го подјебавет народов.

Исто и јатрва е на Зоне, Мицале, ни честита празник. Во честитката ни кажа дека променава на КЗ врска немат со оние 2/3 насушно потребно мнозинство за уставот. Искрен беше. А јас му вервам. Ако ве лажам да дајт Господ 5000 еври плата да земам.

А покрај другото, предвременион, седмачено, порача дека сме требеле да ја рестартираме држвава. Ооооо Мицале, со политичари ко шо сте вие сиве овие 30 години не помогвит ни ресет, ни ctrl+alt+delete, ни дефрагмент ни ништо. Откорен требит ова вукојебина да се дилитнит.

Е па честит празник македонче.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите