Абе каков полицаец каков бутур. Кој си бре ти да прајш контрола во затвор и то пак на затвореници. Да им ги чепкаш перниците. Да им ги креваш душеците. А зато ќотек ќе си јајш. Како ам. Ова е крајно провоцирачки, иритирачки и политички монтиран сличај. Кај најдовте баш тој ден да прајте џоа контрола, а таман луѓето како сите домаќинки имаа генералка. А овие им растурија.

Пак биле најдени 80 ножа, секачи, дупачи….а шо да најдат кутлачи? Ама како ќе љупет луѓето јаболчина? Како ќе си мачкет паштета? Со чекан? Е зато им се ножињата, шилата, сатарите, базуките, калашите…..да мачкет, да сецкет портокалчиња. И она опозиционерскана партија шо даде писмен протест во право е. И тие луѓе шо се внатре си имет свој права. Без разлика шо дел од нив им го имет земено правото на живот голем број луѓе шо ги намачкале ко ајвар на лебче тазе и сирењце овчо. Е на такви луѓе овие од државава се дрзнала да им прајт претрес на ќелиите. И малку се 10 претепани полицајци. Море удри ќотек. Море ДОЛУ БРАНКО. УА.

Требит да се знајте дека во ова држава секој си имат свое право. Мада за нашава држава зборот право ко да исчезвит, а со то на народот во НСРСМ им исчезвит правото да јајт, да купвит, да се веселит. Ајнштанојциве све ни зедоа. Ни го остаја само воздухов да дишиме, а до кога ќе видиме. И тука стигна зорзоманот така да мораме да дишиме саде на нос и полека. З`ш мојт и тој да се поарџит или пак да се ДДВ-изират.

Убо шо не произведвиме гас. И тој ќе ни го земеа. Не бре….не мислам на газ з`ш тој ние сами им го даваме 30-тина година. Ни го распарчија. Мислам на гас. Е зато тој ќе ни го земат братјата од Б`лгарија. Мада за то да нѝ го напрает ќе требит да го победет Бектеши. О па да…..арсланов се испрај пред нив и јавно порача дека не прифаќат никаква уцена. Тој јасно кажа дека не се родила држава која ќе ја загрозит енергетската безбедност на државава ни наша. А за другите безбедности и уставот посери му се. Нека го загрозат. Битно е да се имат газ….уф гас. А кај нас ретко кој го имат. Аку нашата претплата ојт кај рускиот “Газпром“. Гас , газ …се збудалев. Море Бранко е крив. Тој ме имат збудалено. ДОЛУ БРАНКО!!!

А пак незнам кој се збудали да ја клајт Миликие Халими за директор-КА на АД Аеродроми. Не… не зборвам за стручноста шо ја имат, туку не ќе мојт да облечит сукња. Како се летало со сукња. Ќе се кренит и послем? А иначе таман си е стручна. Средно медицинско си имат завршено личната. Некој подрече дека имат завршено и педагошка академија. Мада види искрено можда требеше да ја клает и премиер. Таман школата нејзина ќе најдеше уба примена за тие под нејзе. Лечење и воспитвење. Мхм. Можда Бранко ја кладе. ДОЛУ БРАНКО!!!

Е вака се ојт во Европа. Вака се градит трасата за сигурен влез во семејството на европските држави. Зато незнам шо Мицале имаше против неа ко изјави дека ова е срам не само за Тачевци туку и за севернава наша. Море Мицко две работи да ти кажам. Миликие, од мала ја знам, та нашкола не одеше за со татка ѝ да летат змејој. На 5 години го напрај првото авионче од среден лист од А4 тетратка. Немаше ни 8 години ко победи на светското првенство во летање на фризби. А за бумеранг да не зборвам. И шо сега ти ова она против нејзе? И друга работа: не ми е згодно да ти речам ама ќе ти го плеснам в очи…не секој е среќен ко ДПМНЕ да имат способни каратисти да бидат министри во 5 ресори. Ете. Ти го реков.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите