Леле леле море луѓе шо беше дома за Св.Блек Фрајдеј. По по по луѓе чест праење. И куќа ми наполнаа и срцево башча. Абре кој не ми дојде. За комшиве да не прам муабет. Сите. Абре сите. Беше и Перо шо се мочат во ходникон од подрумине и то со си жена му, Дуфка од најгоре шо фрлат кеси со ѓубре од пенџере, Мица шо ми остават посрани пелени во кеси пред врата за инет….абе кој не. Сите блиски. Сите шо сме едно. Дури дојде, а не очеквев, онај намќорон од 6-ти шо велит добар ден само за 2-ри фебруар.

Мојш да замислиш дека Грујо ми се јави од Пешта и дека ми честита? Ар сат време зборвевме. Уште ќе брбавме ама го викна газдата кај шо е ојден на пракса за кувар. Да бе. Ојде да учит да прајт гулаш и други манџи за од таму да ги праќат во државава, за од таму да ја извајт Македонија од кризиштево.

Да ти докажам. Музика, пеење, веселење, пиење. Дури и тета дојде од Австралија и то донесе поклони. Е тука останав забезекнат. За мене бордо мрежасти чорапи донесе, за син ми донесе касетофон, додуша користен од брачед ми, ама најнов. А пак за ќерка ми….пооооооо едно фустанче така ко розевко, жолтеникаво, ко на кафеаво маваше, со зелени цветој и со две буфки лила на рамената. За жена ми пак донесе две шамии од оние црнине со бубамари шо се, шо немојш да ги најдиш нигде.

Глеш шо ти прајт голем христијански празник шо ги обединвит сите македонци, сите христијани? Да не претерам ама можда имаше дупло појќе од колку на Св.Халовин. Искрено да ти кажам здравје Боже до година, да не се заречам, ама планирам да си го земам овај голем христијански празник за слава. Како ам. Со си сите шартој. Пчејнца да си напрам, Отец Ромео да дојд да ми кренит погача, абе све. И ич не ми е жал шо потрошив многу пари. Ептем многу.

Е сега не колку Коле шо потроши за денот на независноста на НСР(С)М ама пак….шо? Незнајш? Па чоекот два дена пред 8-ми септември крена 230 000 евра за прослава на денот и то само за во најужи фамилијарен круг. Како ам. И сега пази….сите какет дека извајл пари да бегат, а тој едноставно замина зш беше дискриминиран кај нас. И рака на нога морат да признајме дека беше. Сите овде а посебно неговото членство го сметавме за маж.

Се забрбав за глупости, а и овај блејкфрајд за е-пријаување за е-регистрација за персонален данок. Посебно фала шо одложи за пензионериве да е до 2024 година за да имам време да средам за баба и дедо. Не дека тие во с.Свирипичино немет интернет, ама им кочит од време навреме. И не дека не знает да користет интернет. Не станвит збор за то. Дедо на пример окапан е на порно сајтој, а баба не е станата од ју тјуб. Само гледат рецепти од Џејми Оливер и то без превод. Додуша знајт да користит CC-превод команда ама пубо и било оригинал на англиски да ги чујат состојките за полесно да прајт. И то не само шо прајт, ти незнајш колку вкусни се јадењата.

А и рецептите од Оливера се прилагодени за нас во Македонија. Ептем ме бендисвит ко ќе ми напрајт мексиканска Махита. Ц ц цц прсти да излижиш. Му редит лајца кајенски пипер, рендан кумин, три парчиња поховани од Брамапутранска риба махир и на крај џанк прелив од ојстер сос. Абе оргазам. А све си си имат в бавча.

Уф се разјадов трици, тук да станам и да им однесам 25 километри кабел, да го истегнам до Свирипично, да им го подобрам сигналон, да можат да се е-регистрирет, за е-ПДД, да им идет е-известувања, да может да си прает со токен е-уплати, зш не би сакал некој дедо, посебно баба моја да ја е-дупит.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите