Работен наслов: “ВкусоФ на традицијаВа“

Си станав како секој ден. Та изолација та не. Ич не се плашам. Арно ама сега од ко станав ја слеков прво кацигата. И ја зедов на баба зш деноjве не го возит моторот зш дечко ѝ е дојден овде кај нас за да се изолирал. Аку. Креота е. Чоекот имат 92 години и спаѓат во ризичните групи. Го прашав зш не си се изолират дома му, рече дека се напрајл пуфка со мајка му пред некој ден. Баба го вратила во 2 по полноќ, а та му дозволила до полноќ. Во расправијата се вклучила и баба му, зш ја разбудиле. Жената планирала да станит порано да фатит место во бесплатен автобус. Вторник било. Шо да прајш. Нервоза со ова коронава.

После кацигата ја извајв гас маскава. Имам од оние шо се снимаше филмон “Вариола вера“. Викнав брза пошта ги пратив на дезинфекција за да можам вечер пак да ги облечам. Ја извајв поткапата. Булет пруф е. Куршум не ја бијат не корона. Ми ја даде бате. Мафнал две од американцине ко беше во Авганистан. Неа не ја праќам на дезинфекција. Ја перам дома секој ден со варикина.

Одам под туш одма. Овај скафандеров шо е исто од Америка малку ме запотвит во спиење. Посебно во газов. Ам херметички е. Го користеле америчкине научници во лаборатории дур играле разни друштвени игри како: антракс, свински и птичји грип, сарс и други занимации. Ела во него нека влезит нешто. Или нека излезит. Немат шанса.

Пред да дојт време да напрам кафе шетам низ станов и да ти кажам искрено од пред некој ден како одам така им зборвам на цвеќињава. Ги прашвам како се, како се осеќет. И на мачево му зборвам. Како си мачуле. Се плашиш? Пред некој ден ми излета и го прашав зш не е он лајн на фејсон. Јебига. И све си беше арно. Аку им зборвам. Арно си беше до вчера дур не почнаа и цвеќето и мачето да ми враќет муабет. Ваљда сум арен. Незнам. А и да не сум Владо Јаневски викат секое лошо за арно е.

Чек да се сликам. Секој ден се сликам да имам доказ за постепена трансформација за да му докажам на Илче ко ќе одам да ме шишат дека јас дојдов. Нејќам да го избунам чоекон. Уф….сега приметив на сликава. Мислев бакембардава настрана растит. Евааа прв пат во животов ми се напрај грмушка во ушиве. Не е убо. Ај овај бушов од носов шо излегвит се покриват дека џо се мустаќи се, ама ова од ушиве…

Време е за кафе. Напрајв кафе, филџаните на маса и до секој финџал маска за швајцовање. Ам така си прајме муабет дома. Само да одам прво еден по еден да ги станам и да ги отвиткам. Да бе. Со еластичен завој ги виткам сите пред легевење. Мумија систем. Уз кафево сурфање на фб. Како ам. Да се видит шо е ново, шо требит да се прајт, а посебно како. Абе кој го вртит Филипче и другине по телевизија.

На фб имаме стручњаци од сите области. Да не беше коронава не ќе знаев дека во угостителско се учит и атомска физика, во градежно квантна медицина, дека на курс за механичари имале испит за “Инфекции-превентива-лечење“. Е…виде? Е зш покрај олку ајнштајни држава ни е батал? Аууу….како бре батал ми велит цвеќево. И то ми рече кактусов. А уста немат отворено. Години го имам.

Цел ден во позадина ми ојт “Вкусот на традицијата“. Бар да ја слушам Адријана како стенкат. Зш секс без бацвење не ми ојт. Ништо. Ич. То ми е исто ко да лижам шеќер преку џам или да мирисам цвеќе со гас маска.
Едино ми e мака [о не сум ко овие за кој не важит она: седи дома, не појќе од пет, носи маска…Види…не дека тие не почитвет препораки. Тие се огнеотпорни на корона. Да бе. Иначе друго све ми е погодено во изолацијава. Дури среќен сум. Осетив и открив многу работи: сум ти имал убав муабет со семејствово или незнаев дек дoма не ми било варосано 7 години, од кај да знам….абе само в мозок да не ме удрит ова иначе сум пресреќен. Вака не сум бил среќен уште од ко ја родив мајка ми, а исто така бев среќен ко го држев татко ми враце ко го крштевавме…..и да не бројам.

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите