Велат дека реката мора сама да си го најде патот преку планините за да стигне до морето. Кога долгиот пат не е баш така пријателски настроен, со доста гребнатини и рани, прилично е болно  слевањето во солена вода,но еднаш мора де се случи.
На една од социјалните мрежи напишав дека се е по заслуга, па дури и ваквата власт. Целосно свесен за последиците, затоа што секогаш постојат маестрални искривувачи на поентата, дежурни душегрижници и пуританци кои храбро скокаат во одбрана на народот, иако никој нема за цел да го навреди народот. И најглупавите политичари знаат дека тоа е персонално самоубиство. Тоа е таков профил на патриотски војници, кои мислат дека државата се брани со огромни слики од илинденската битка, со извртување на поентата, и со по некоја националистичка изјава, и сето тоа добро смислено за да ја уништат поентата, во служба на ситни интереси, на грбот на нечиво достоинство.
Денес во оваа земја, за жал власта успева да го премести тежиштето на проблемите, вешто избегнувајќи го лоцирањето на одговорноста. Тоa и генерално, e нашиот најголем проблем. Место да се бара одговорност од тие во чии раце се сите институции, таа се бара во опозицијата. Немам никава намера да го балансирам текстов, со цел да биде поприфатлив. Напротив, сакам само да ја лоцирам одговорноста. Не е обична флоскула ако кажам дека како народ одамна сме една аморфна маса. Каде е духот и револуционерството?
Повеќе од веројатно е дека во принцип, го добиваме она што го заслужуваме, ниту помалку ниту повеќе. Дека не зборувам на памет, ќе дадам само неколку аргументи. Протестите кои се организираат против покачувањето на цената на струјата и парното не можат никако да ја достигнат масовноста која е типична за еден ваков облик поготово ако се земе предвид актуелниот животен стандард. Во која и да било друга земја со ваква дисторзна економска политика оддамна ќе се случеше народ. Ние избравме да бидеме на викенд во Грција со последната капка гориво во автомобилите. Избравме, секојдневно да се правдаме за неполитичка позадина на протестите, што е сосема погрешно. Избравме да бидеме тивки и мирни сокриени позади најкористеното име на овие простори и да се викаме “Трпе”. Но, празниот желудник и студената зима само ќе ни потврдат дека трпките и морниците, ќе се од студ и глад. Можеби звучи утопистички, но тоа е вистината. Јас сум од оние луѓе кои сметаат дека политиката не треба да доаѓа од стомакот, но меѓу народот оддамна е вулгарно да зборуваш за идеали. 
Затоа во оваа колумна ќе се обидам да се фокусирам на едноставните работи, од кој некој упорно се обидува да не дефокусира. Во оваа земја најпрво ги видовме најмладите недипломирани пратеници, го зачувавме континуитетот со најмлади ‘сестрани’ министри, за да доживееме млади аналитичари, кои се трудат да добијат на сериозност со еднодневна брада и со класично одело. Истите тие не препраќаат од адреса до адреса, со совршено спремни одговори за секое прашање. Ако ги запрашате за економската состојба, ќе ви кажа тдека  виновна е светската економија, ако ги запрашате за меѓуетничката (не)трпеливост, ќе ви кажат дека се виновни странските амбасади. До колку не успеат да се снајдат со одговор, почнуваат со дефокусирање. Тое е нивниот принцип. Едноставен, но функционира. И се додека во оваа земја е поважен пресот на Бичиклиски за минатато на некој од плитичарите, оттколку пресот на Топузова- Каревска за цената на парното и струјата, или пак статусот на социјалните мрежи на некој пратеник од  опозицијата, од гафот на министерот за одбрана, ние веројатно ќе бидеме на половина планина или пат. Ако пак се обидам да внесам неколку локални моменти во колумнава, тогаш тоа би излгедало вака: се додека е поважен роденденот од кучето на некој новинар, вечерата на двајца млади луѓе, или пак запослувањето на некој млад човек затоа што бил нечив син, од несреќниот настан кога неколку граѓани за време на рекреирањето во вода добија струен удар на една од охридските плажи, што за среќа заврши без човечки жртви, дотогаш ќе имаме искривена реалност. Но дали некој помисли да ја лоцира одговорноста? 
Вака или онака, на сите граѓани на оваа земја, без оглед на националната припадност, сите овие години ни облекуваат кондури по политичка мерка, кои одлично ја познаваат нашата судбина од макотрпното одење, видно оштетени од лошите услови на патот. Но, за жива среќа, обувките се блиску до стапалата, а далеку од срцето, кое до сега многу брзо ќе ги стопеше од тага. Повеќе од јасно е дека овој народ, очигледно не знае што е гнев, а што омраза и затоа  ја плаќа цената на очајот. Во меѓувреме, освен по некоја колумна и смешна секундажа на пресовите од опозицијата, останува надежта по трет пат за првата буква(А 3), во служба на објективноста и јасноста.
Дејан Блажески
Либерално Демократска Партија
(авторот е докторант од областа на економските науки)

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни
се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност
за содржината на истите.