Ме просветлија луѓето. Ме опаметија. Ама морам да признам дека и ме посрамотија. Толку ме усрамија шо се осеќав како брбушка од овца. Се осеќав како суво лајно со праз од мојте постапки во минатото. Виш колку малку требело да се отрезниш односно да ми те отрезнет паметни луѓе.

Да бе. Гледав емисија на тема “Дали Македонија (незнам од кај им е ова Македонија ко ја знајме ко НСРМ) ги сече врските со дијаспората“. Ко ми објаснаја сакав да се напикам во процепине од паркетон шо ми го сјеба мајсторон и никош да не излезам. Па нека викаја по мене: Бранкооооо, Бранкоооо…..не бре шо ми е….каков Бранкооо…. Џимииии Џимиииии…

Објаснаја луѓето дека сме ги напикале во маргините на општествените дупкетини во однос на нашата држава. Абре уште го разбрав дека дијаспората, ни го кренале вуспич нашето знаме за денот на неазвисноста бев спремен вдирект со коминике на сите да им се извинам шо до сега не сме клале претседател на НСРМ од некој од нив.  И то замисли, оние во Австралија, во Сиднеј го онадиле то цели осум сати пред нас. Алооооооо п р е д  н а с. Пред ние да си го крениме сами тие ни го кренале и го вееле знамето во моментите ко ние како крапој под јорган планина, кој спијал, кој дрочел, кој се распрдвел да се стоплит, кој грчел. Стварно сме гојда шо сме безобзирни према нив. Одма да се менат некој односи со нив. Морат нон стоп да си имаме со нив односи. И то поквалитетни. Поголемо право на глас да им се дајт за време на изборите. Ме убедија тие на емисија дека дијаспорците имет пореален увид во нашата ситуација аку се таусентс километарс авеј фром ас, ама нон стоп мислат на нас, се секирет за нас и знам дека ги болит глата за нас. Сигурен сум дека ги болит за нас.

Одма со локалниве да се испрает нашите нехумани односи. Одма да се овозможит нивниот глас да важит за 100 наши. Еве пример за Охрид. При чиста свест и совест тврдам дека тие појќе го познавет и Јована и Митка и Стева, нивните дела, нивните кариери и придонеси и како луѓе и како стручњаци и поправилно можат да одлучат кој од нив да  ни е татко следниве 5 години дури можда и наеднаш 3×5.

Немат дилема. Морат со нив да градиме нови мостој на соработка. А посебно  да ги попрајме старите мостој на соработка. А најпосебно оние со неправилно напраено столбој. Односо скоро сите до сега да се реновирет, односно само еден е како шо требит. Легендарно напраениот мост е  Свирипичино еден столб е Долно Дупени, онај за амортизација на еври, другиот е Газовиште за камата на украдени еври, па клаен е  еден дијагонално од Свирипичино, односно на влез од Вратиславци  кој го регулирата притворот и најпотпорниот е во Идризово. То ти е лево од Мрзненци, а над Инџиково. Убав мост. Мост на  крадството и разединвството на македонскиот народ.

И сега виш како сум просветлен? Убо е некој да те просветлит од време навреме. Ко шо ме просветли еден, му го заборајв името ко рече пред некој ден дека : “…не се гледа добро кој ги отворил вратите во собранието….“. Се загледав и јас да ти кажам правам уште еднаш и уште еднаш и уште еднаш…..и оп мајката навистина не се гледат. Бар за мене.  Гледам гледам и никако да узнам дека му го гледам суратот на  Крстета. Никако. Ко да се гледет поклапуши ко не……никако. Нити се гледат дека е Крсте нити дека е Сале. Јок бре. Мојш да зврчиш цела година ко мене и пак ништо. Можда се тие ама не се гледат среден прст покажан кун народов. Не. Ќе морам да ја прегледам снимкава со некој инфра, ултра или рентген зраци. З`ш вака не се гледат.

Џими

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите