После свеченото одбележување на отпочнување на активностите околу коридорите од “Бехтел и Енка“, кој кај да е ако не овајa среда другиот петок, можда ќе започнат, Таче беше во посета на остварување на уште еден мега проект во државава ни наша. Се отвори мега модерен пазар во Делчево. По европски стандарди. А ние го снимавме, шлашкавме и на гас падвевме. Овај пазар е од стратешко значење за нашата НСРСМ и зато мораше да ојт највисокиот функционер на неговото отворање. Со вај пазар, рече Таче, ние сме на пат кон Европа. Со све ние целиме кун Европа, најмногу со газој давање е уште пазаров фалеше да не европеизирет.

И друга причина за посета е шо овај пазар е модерен и посебен и не е како другите. На нашите пазари се продават врнат град, одлепени тапети, рушени покриви и скршени шофершајбни. А во Делчево зеленчук и овошје. Таче беше воодушевен од квалитетот и модерноста на пазарот з`ш таму не служат луѓе туку холограми.

Пустиот немојше да издржит ко ги виде нектарините и одма се фрли да јајт з`ш чоекот е гладен од многу работа. Исто на гас падна ко го виде карфиолот и им побара на холограмите да му дает еден, а ради праската то така го рече на течен македонски шо ги испрска сите околу себе. И види го ти него. Ај со пари шо купвеше туку кусур не чекаше. А и шо да чекат. То му беа оние поситните шо му останале. Наместо да ги фрлит ги искорити во мега пазар Делчево.

Не сум сигурен ама мислам дека зеде и зељка, пиперки црвени за низаљки, црвени за ајвар, зелен патличан за туршија……можда чоекот планират да ојт во опозиција. И шо би праел друго. Зимница. Да се занимават. Не ќе плетит чорапи. Или капи. Не така?

Само ме чудит з`ш не зеде тиква. Да напрајт слатко од тиква ко ќе му идат гости да ги послужвит. З`ш то е традиционално македонско јадење во поново време и многу го јајме. Порано јадевме пиперки многу и не викаа пиперкари, а во поново време многу јајме тикви и не викет тиквари. Посебно ова го служеле во кантината во Собранието. Баба ми кажа з`ш куварка е таму.

Абе сложни браќа држава во ЕУ пикет. А не ко Грковска вицепремиерката за добро владеење и Ивановска од Антукорупциска ножој изваја за 6-те случаи за Мерко. Кај шо спомнав….незнев дека постоело некое министерство за добро владеење. Как да е. Едната велит дека другата требит да преземит санкции и обратно.

Јас сум на страната на Грковска. Жената си е одговорна за некој добро да се однесвит. Шо нејзе требит патка да ја болит шо Мерко е шериф. Тој влијал на Струшкиот суд, а од народното чекмеџе тро појќе пари зел за да си купит ауди. И зато требит Ивановска да не се бунит. Тој нити го пцуеше судот, ниту му рече некому дека лајно лајносано нити пак се мочаше сред бел ден пред судот. Културно чоекот рече ВО ШКОДА НЕ ЛИЧИТ ГРАДОНАЧАЛНИК, шо значит дека немал лошо владеење како кочијаш за Грковска да отворит случај.

Абре секој си ја знајт својата улога во ова држава. Ете и Мицале со својот опозиционерски став клизачи му скокат на Тачета в писка. Го шашардиса. Те гласам, те не. Ќе гласам ако ова, па после ако мојт уште ова. Абе нефесот му го зеде. Така да во пар се најзаслужни државава шо срљат во прогрес. Тие карти игрет ние ги плаќаме влогојте. Алал да им е на двајцата.

Е зато во 2030 можда, аку, за малку, за влакно, се очекуват но не е сигурно дали и кога ќе влезиме во ЕУ. Еднаш да доживејме и ние ова наша напатена држава цвеќа да ни цутат, ружа на газот да ни пораснит, а не хемороиди. Ам така де.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите